Најмалку 17 загинати и 112 повредени во авионската несреќа во Индија – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/20 6:46 AM

Најмалку 17 загинати и 112 повредени во авионската несреќа во Индија

Седумнаесет загинати и 112 повредени е последниот објавен црн биланс од несреќата на авион на „Ер Индија Експрес“, кој летал од Дубаи и излетал од пистата за време на вчерашното слетување во градот Карипур во Индија, а заврши во блиските полиња преполовен на два дела.

Авионот превезувал 184 патници и седум членови на екипажот.

Во моментот на слетувањето, авионот бил предупреден на лошото време, проследено со монсунските дождови, но пилотот сепак се одлучил да слета.

Авионскиот лет бил организиран од владата за да ги врати Индијците кои останаа во другите држави поради корона-кризата.