Време: Денес и утре нестабилно, летото се враќа од понеделник – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/20 6:17 AM

Време: Денес и утре нестабилно, летото се враќа од понеделник

Променливо облачно со сончеви периоди. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи, засилен ветер и услови за појава на град. Максималната температура до 30 степени. УВ=6. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

Утре претпладне времето ќе биде сончево, а попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од понеделник ќе преовладува сончево и потопло време, но во попладневните часови на места ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.