Како да создадете баланс меѓу домашните и деловните обврски? – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/20 8:39 PM

Како да создадете баланс меѓу домашните и деловните обврски?

Ако пред дваесетина години жените биле среќни што може да останат дома, денес тие се’ повеќе целат кон финансиска самостојност. Сакаат да направат промена и да заработат свои пари, но како да се создаде баланс помеѓу работата, односно улогата на деловна жена и улогата на домаќинка? Понекогаш се чини дека ова е невозможна задача, но постојат начини со кои полесно ќе ја остварите ваквата цел.

Не обидувајте се да направите сѐ сами

Голема е веројатноста дека како деловна жена немате време ниту енергија да зготвите ручек или да ја исчистите куќата. Замолете го сопругот или останатиот дел од семејството да ви се придружат во извршувањето на домашните обврски, за да ви биде полесно. Животот треба да биде тимска работа, а сите дома претставувате еден тим. Ако вашите најблиски не сфаќаат дека „се убивате“ од работа, бидете искрени кон нив и кажете им дека не можете да постигнете се’.

Комуникацијата е многу важна

Комуникацијата е клучен аспект во сите животни ситуации, но може да биде пресуден ако сте вработена жена. Треба да поразговарате со партнерот во врска со тоа како се чувствувате, но и како тој самиот се чувствува. Ако имате деца разговарајте и со нив на оваа тема. Секој проблем може да се реши со разговор, дури и најтешкиот. Помалите деца би можеле да имаат потешкотија околу разбирањето на тоа зошто нивната мајка не секогаш е дома. Секако дека ќе треба соодветно да им ја објасните ситуацијата, за да не се чувствуваат запоставено и да не мислат дека вие не сте доволно грижливи за нив во текот на детството.

Организирајте го своето време

Дури и жените кои немаат полно работно време може да имаат чувство дека денот нема доволно часови. За вработените жени е вистински предизвик да бидат добар работник, мајка и домаќинка, но се’ е во планирањето. Со добар план, би можеле да заштедите неколку часа. Секој од нас има потреба од време само за себе, па „фрлете“ се на планирање на денот бидејќи тоа ќе ви ја намали напнатоста што ви ја создава дилемата дали ќе успеете да ги завршите сите обврски, но и да си посветите време на себе.

Заборавете на проблемите од работа кога сте дома

Потрудете се деловните проблеми да ги оставите на работа. Тешко е да бидете и мајка и сопруга и деловна жена кога лутате со мислите. Рамнотежата меѓу работата и семејството бара многу жртви, но не дозволувајте вашето семејство да го сноси товарот од работните обврски.  Иако ви се чини тешко да заборавите на се’ и да си се посветите на себе, дозволете си мало опуштање. Со наполнети батерии ќе функционирате подобро.

Не жртвувајте се’ поради работата

Иако работата е многу важна, не е поважна од децата и сопругот. Испланирајте го време на тој начин што ќе можете да постигнете што поголем баланс, бидејќи во животот се’ се врти околу рамнотежата. Вработената жена треба да се потруди да го организира времето, за да и’ остане по некој час само за неа. Но треба да имате добра рамнотежа помеѓу комуникацијата и организацијата, затоа што и најдобриот распоред може да биде бескорисен ако не комуницирате со околината.

 

Извор: zenskikutak.hr