Сцена како од хорор филм пред очите на две девојчиња се одвивала во вторникот во Сочи, Русија. Мечки вовлекле 11-годишно дете во кафез, го фрлале како топка, го гризале, па Никита смртно настрадал.
Никита бил на летување во Сочи, Русија. Посетиле зоо-парк. Кога се нашол кај кафезот на мечките, веројатно сакајќи да импресионира две девојчиња на слична возраст, му се приближил премногу, ги удрил мечките по шепите, а се обидел и да позира за селфи, но мечките го зграбиле и некако го вовлекле во кафезот.
Девојчињата врескале и ги повиквале родителите, но кога помошта стигнала веќе било доцна за малиот Никита, пренесува британски „Мирор“.
Мечките биле застрелани за да се извади крвавото тело на детето, а екипата на брзата помош потоа констатирала смрт. Со трауматизираните девојиња сега работеле психолози.