Подобрете си го животот преку хигиена на спиење – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/20 9:27 PM

Подобрете си го животот преку хигиена на спиење

Спиењето, односно правилниот ритам помеѓу дневните активности и спиењето е темелна животна навика која придонесува за подобро здравје, при тоа имајќи влијание на силата и мотивацијата за разните активности во текот на денот. Недоволното спиење може да доведе до повеќе психофизички проблеми, а со тоа и да го оневозможи нормалното функционирање на една личност. Траењето на спиењето и континуитетот се аспекти на сонот кои се важни за процесот на обновување и без нив не можеме да функционираме оптимално, ниту физички ниту психички.

Во текот на растењето нашиот ритам на спиење се менува. Новороденчињата спијат долго во текот на ноќта, но и во текот на денот. Како што растат, децата почнуваат да спијат се’ подолго во текот на ноќта, а го кратат сонот во текот на денот. За време на детинството во просек се спие околу 10 часа ноќе. Времетраењето на спиењето се намалува во периодот на адолесценција, најчесто поради биолошките промени, но и поради социокултурни причини. Спиењето е важен дел од развојот на личноста, а влијае на однесувањето, на когнитивните способности, дневното функционирање и расположение. Оптималното време за да бидете будни ако сте адолесценти е околу 9 часа сон секоја ноќ. Загрижувачки е дека само мал број адолесценти спијат онолку колку што навистина им е потребно. Недостигот на сон во овој период од животот е последица на низа фактори – обврски, социјален живот (дружење со врниците, излегувања, намален родителски надзор, останување надвор до доцните часови и слично).

Промената на ритамот на спиење во периодот на адолесценција е природна појава што е предизвика од начинот на живот. Адолесцентите себеси се доживуваат како вечерен тип на луѓе, а не како утрински. Токму затоа, за нив е сосема нормално да заминат в кревет во доцните часови. Проблемот е во тоа што таквиот ритам на спиење не соодветствува на нивните обврски, па поради прераното будење кај нив може да се јават многу проблеми поврзани со неспиењето (умор, нерасположеност, помалку енергија). Доколку чувството на умор е константно и трае подолго време, тоа може да предизвика нарушување на хомеостазата на организмот. Спиењето се занемарува пречесто, иако недостигот на сон може да доведе до разни непосакувани последици, како и до нефункционалност.  Заморот е поврзан и со лошиот успех на училиште, со нерасположеност, депресија и така натаму. Поради се’ ова,  многу е важно адолесцентите да воведат промени во распоредот на спиење и будење, за да може да се прилагодат подобро на своите дневни обврски.

Сепак, не само во адолесценцијата, туку во секоја животна доба е важно да ја имате таканаречената хигиена на спиење, што е составена од повеќе постапки кои водат кон поквалитетен сон:

Избегнувајте го долготрајното дремење во текот на денот, бидејќи тоа може негативно да влијае на спиењето

Избегнувајте никотин и кофеин пред спиење

Не размислувајте за проблемите пред да заспиете

Избегнувајте користење на технологијата во спалната соба

Забавете го ритамот и правете нешто смирувачко најмалку еден час пред спиење (на пример,читајте книга)

Заспивајте и будете се во приближно исто време секој ден

Докажано е дека што повеќе време поминуваме пред екраните од компјутерите и мобилните телефони, толку полошо ќе спиеме.

 

Извор: prakticanzivot.com