Зависноста од мобилниот телефон ја брише границата меѓу деловното и приватното – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/20 7:35 PM

Зависноста од мобилниот телефон ја брише границата меѓу деловното и приватното

Мобилниот веќе со години не е само преносен телефон. Тој претставува уред без кој многу луѓе не би можеле да си го замислат животот. Се’ поголем е бројот на луѓето кои не се одвојуваат од мобилниот, дури и кога тоа го наметнуваат правилата за убаво однесување, или пак, кога тоа би било пожелно од некои други причини (одење во тоалет, спиење, одмор и слично).

Резултатите од повеќе истражувања говорат дека третина од тинејџерите и четвртина од возрасните го користат мобилниот телефон додека ручаат (па и за време на другите оброци). Петина од испитаниците го користеле мобилниот и на места каде што тоа е забрането (кино, лекарски ординации, автомобил). Сликата на група млади луѓе кои не разговараат меѓусебно туку се посветени на својот мобилен телефон, за никој веќе не е необична. Исто така, веќе нема граница помеѓу приватниот и професионалниот живот. Сите сме достапни за останатите и тоа во секое време.

Дали тоа навистина го сакаме? Колку е добро? Каде да ја повлечеме границата?

Проблемот го отежнува и фактот дека зависниот облик на однесување ретко се појавува изолирано. На пример, млада личност која е зависна од мобилниот неретко ќе ги занемари своите обврски (како што е учењето), но и своите потреби (спиење, јадење и слично). Социјалната компонента на оваа приказна е исто така многу загрижувачка. Расте бројот на осамени и депресивни луѓе, а кај децата и младите тоа е тешко да се препознае.

Проблем е кога технологијата управува со нашите животи, наместо ние да владееме со неа.

 

Извор: prakticanzivot.com