Во Крива Паланка ќе се одржи јавна расправа за прогласување на Осогово за заштитено подрачје – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/20 5:06 PM

Во Крива Паланка ќе се одржи јавна расправа за прогласување на Осогово за заштитено подрачје

Во општина Крива Паланка ќе се одржи јавна расправа за иницијативата за прогласување на Осогово за заштитено подрачје на природата од петта категоријаРасправата е дел од серијата јавни расправи со засегнатите страни, а во Крива Паланка е закажана за 26 август 2020 година.

– Јавната расправа за прогласување на Осогово за заштитено подрачје е планирано да се реалзиира според протоколите за заштита од Ковид-19,  а ќе се одржи на 26 август 2020, со почеток во 18 часот, во дворот на средното општинско училиште „Ѓорче Петров во Крива Паланка. Поради подетално запознавање на засегнатите страни и сите граѓани, на увид на општинската страница www.krivapalanka.gov.mk се поставени сите потребни документи кои се однесуваат на оваа тема, информира службата за комуникација со јавност апри локланата самоуправа на Крива Паланка.

На веб-страната на општината се поставени следниет докуметни: нацрт–одлука за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје од категорија V – заштитен предел, известување за изработка на акт за прогласување на дел од Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел, анекс на студијата за валоризација за предлог подрачјето за заштита „Осоговски Планини” во категорија „заштитен предел”, студија за валоризација за предлог подрачјето за заштита „Осоговски Планини” во категорија „заштитен предел”.

Вкупната  површина  на  заштитен  предел-Осоговски  Планини изнесува 48829 хектари, со граница на опфат од север од м.в. Средно Брдо, продолжува по сртот на запад кон Крива Река, низ гребенот по пешачката патека кон м.в. Влашки Колиби, качувајќи се кон  Калин Камен, преку Средно Брдо, се до река Каменица заобиколувајќи го м.в. Мечкин Камен до  Ајдучка  Чешма, под  врвот Сокол и на Средно Брдо поминува низ кота 1544 метри и се спушта до кота 1406 метри н.в. од каде и започнува описот на границата.