Подготовките за одбележувањето на 35-годишниот јубилеј Макфест започнаа пред почетокот на пандемијата и требаше да биде посебен, затоа што тоа го заслужуваат и гледачите и музичарите и композиторите и пред се штипјани , изјави денеска штипскиот градоначалник, Благој Бочварски најавувајќи го новото издание на фестивалот кој за прв пат во својата историја ќе се одржи на отворено.
,,Поради новонастанатата состојба одлучивме фестивалот да се одржи на отворено, на градскиот плоштад „Слобода“. Ќе има две фестивалски вечери, наместо поранешните три и ќе биде со видоизменет тек. Првата вечер ќе се слушаат најпознатите стари хитови кои излегоа од Макфест во изведба на нашите познати македонски пеачи . Втората вечер ќе биде директно финална вечер на кога ќе настапат сите оне кои што се пријавиле. Потоа ќе има гласање и ќе се добијат победиците и најдобрите за оваа 35-то издание,“ информираше Бочварски.
На овој начин, со одржувањето на фестивалот на отворено, ќе се види и интересот за ваков начин на одржување на фестивалот, кој доби и нов термин, во септември, поради временските услови но и поради тоа што пандемијата го откажа и одржувањето на Пастмалијадата.
На плоштадот се очекува да има околу 400 места на двете фестивалски вечери а планирани се и гости од надвор. Се прават подготовки, фестивалот да се одвива според предвидените протоколи за одржување на вакви манифестации.