Во Премиер Лигата следната сезона се враќаат на старо, дозволени ќе бидат само три замени – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/20 1:51 PM

Во Премиер Лигата следната сезона се враќаат на старо, дозволени ќе бидат само три замени

По рестартирањето на сезоната 2019/20 во Премиер Лигата, на клубовите кои се натпреваруваа им беше дозволено да прават по пет замени во меч, наместо стандарните три. Причина за тоа беше густиот распоред и ризикот од непосакувани повреди кај фудбалерите.

Но иако и за претстојната 2020/21 сезона во најквалитетната фудбалска светска лига се очекуваше дека правилото ќе остане на сила, на денешниот состанок челниците на дваесетте екипи од Премиер Лигата донесоа одлука за враќање на старото правило и можноста за три замени во текот на 90 минути.

Со оглед на тенденцијата на враќање на спортот и фудбалот во границите на нормалата, вообичаените распореди и од есен, публиката на трибините, оваа одлука е очекувана, логична и фер за сите учесници во лигата.