По обилните врнежи, зголемени нивоата на реките – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/20 11:20 AM

По обилните врнежи, зголемени нивоата на реките

Врнежите ги зголемија водостоите на повеќето реки низ земјава. Според денешните хидролошки мерења, Треска покажува девет пати повисоко ниво од просекот за август, а Црна Река е тројно покачена. Надојден е и Вардар, кај Јегуновце и Велес бележи тројно, а кај Скопје и Демир Капија двојно зголемување.

Само Сатеска кај Ботун, Струмица кај Ново Село и Крива Река кај Крива Паланка се под августовскиот просек.

Кај езерата, состојбата од вчера е непроменета. 

Како што стои во мерната табела на УХМР, утре кај сите реки се очекува зголемување на водостоите во однос на денешната вредност.

МИА