Од гром во Хрватска настрадаа 20 овци, соселани на сиромашниот сточар му донираа 15 грла
Поројни дождови, поплави, силен ветар и грмотевици деновиве има речиси насекаде на Балканот. Од невремето со грмежи во Бјеловарско-билогорската жупанија во Хрватска, на еден сточар му настрада стадо од 20 овци.
Громот удрил во дабово стебло под кое биле овците и сите ги усмртил, дрвото се препловило на половина, пренесува „Јутарњи лист“.
На сточарот, кому овците му биле единствена егзистеција, соселани веднаш по несреќата му донирале десет овци и пет јагниња.