Обидот за кражба на мал спортски авион во Словенија бил спречен од мократа земја на спортскиот аеродром, па крадците завршиле во калта додека се обидувале да го стартуваат моторот и да одлетаат во непознат правец.
Инцидентот се случил во ноќта меѓу понеделникот и вторникот на спортскиот аеродром кај Потчетврток, кога непознати лица провалиле во хангар во кој локалниот аероклуб ги чува своте летала.
Меѓутоа, тревата на полетно-слетната патека била мокра, па авионот се заглавил во калта, соопштува Летачкиот сојуз на Словенија.
Наа вионот од типот „морана’ нема трагови од оштетување, а обидот за кражба е пријавен во полиција, која го расветлува случајот, пренесува „Хина“.
Таквите кражби во други европски земји стануваат честа појава. Украдениот авион потоа се раскплопувал и се продавал на делови на црниот пазар.