Денеска почина писателката, Исидора Бјелица. Педесет и двегодишната писателка, како што пренесуваат српските медиуми, починала во станот на нејзините родители во Нов Белград.
Во 2012-та година, на Бјелица и’ беше дијагностициран карцином, поради што и’ беа отстранети јајниците и матката. Освен со макотрпните болки, таа мораше да се бори и со својата психа, бидејќи како што имаше изјавено, канцерот го сметаше за „елегантно самоубиство“. Болеста ја принуди да продаде околу три илјади ретки книги за да го плати своето лечење во странство, а и покрај кревкото здравје мораше и да работи, поради што болеста се врати неколку пати.
Инаку, Исидора Бјелица е родена во Сараево на 10 декември 1967 година, каде и го завршила средното образование. Потоа дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Белград и магистрирала на истиот Факултет. Таа зад себе ги остави сопругот Небојша и двете деца Лав Григориј и Вила Евангелина Пајкиќ.
Сите години додека се бореше со болеста, зборуваше отворено за се’ со што се соочуваше..
https://www.facebook.com/isidorabjelicapajkic/photos/a.150108371666211/1440281369315565/?type=3
Последна нејзина објава на Инстаграм е пред 57 дена, кога ја рецитираше Исусовата молитва..
https://www.instagram.com/p/CBN9Q6sJgBU/?igshid=1jr36no6hjmko&fbclid=IwAR1Gth1UJFo4IbTcHLnahqVrdXR66EX7rqrF3NTZT09PPxsmGf_KFDnOKjw
Нејзиниот син Лав се прости од мајка му со црно-бела фотографија
https://www.instagram.com/p/CDhFQtaJS5w/?utm_source=ig_embed
Фото: DAMIR DERVIŠAGIĆ
Текст: kurir.rs