СДСМ го осудува нападот врз активистот Асани – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/20 6:20 PM

СДСМ го осудува нападот врз активистот Асани

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија остро го осудува нападот врз претседателот на „ЛГБТИ Јунајтед“ – Тетово, граѓанскиот активист Беким Асани.

Од партијата велат дека насилството е недозволиво и апелираат до институциите да ги пронајдат и казнат напаѓачите.

-Во демократска држава, членка на НАТО, каква што е Република Северна Македонија недозволиво е какво било насилство врз кој било поеднинец. Апелираме надлежните институции веднаш да постапат, да ги пронајдат и соодветно да ги казнат напаѓачите, за вакви слуачи да не се повторуваат во иднина, стои во соопштението.

Концептот „Едно општество за сите“, според нив значи и почитување на различностите, значи и еднаква грижа и заштита на правата на сите граѓани. Како одговорна партија СДСМ останува посветена на заштита и унапредување на гарантираните права и слободи на сите поедници во државата.