Станува збор за ултра модерен апарат и е наменет за пациенти кои што имаат потреба од респираторна поддршка на критично болни пациенти. Апаратот е обезбеден со сопствени средства на Клиничката болница и чини околу 1.800.000 денари, информираше на денешната прес-конференција директорот Ален Ѓеорѓијев.
,,Овој апарат е во топ три во светот по квалитетот што го има и уште една работа, која е многу важна, има и дополнителни функции. Ваков апарат има само уште една клиника во земјава, а тоа е Клиниката за кардиологија и во ниту една друга јавна и приватна здравствена установа, вели Ѓеорѓијев.