Лажна вест е дека МВР распишало оглас за вработување 500 полицајци – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/20 12:51 PM

Лажна вест е дека МВР распишало оглас за вработување 500 полицајци

Министерството за внатрешни работи ги демантира објавите на „Алфа” и „Скопјеинфо” од денеска за распишан јавен оглас за вработување на 500 полицајци.

Во моментов, стои во денешниот демант, МВР нема распишано оглас за вработување на полицајци воопшто, а последниот јавен оглас за вработување на 500 полициски службеници е распишан во август 2017 година.

– Имено, и на линкот наведен во текстовите на двата портала, кој треба да води до наведениот оглас, упатува до празна страница, односно во моментов не постои објава на ниту еден оглас, се наведува во демантот од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира да не се изнесуваат лажни вести и дезинформации кои можат да доведат до забуна во јавноста, туку, се подвлекува во демантот, инсистира на точно, навремено и вистинито информирање, кое е и еден од приоритетите во работењето на ова министерство.