Единствениот жив началник на Генералштабот на ЈНА и сојузен секретар за народна одбрана на СФРЈ, адмирал Бранко Мамула во мај следната година ќе наполни 100 години. Се бореше во Втората светска војна, го надживеа не само својот маршал и современик, Јосип Броз Тито, туку и земјата што веќе ја нема, а за која тврди дека ќе опстанела ако по смртта на Тито, власта ја презела Народната армија. Претходно јавно на телевизија рече дека военото ракободство на ЈНА ја сноси одговорноста што не извршило државен удар, кој тогаш би го спречил распаѓањето на Југославија, пишува „Курир.рс“.
Адмиралот на флота, кој беше началник на Генералштабот на ЈНА од 1979 до 1982 година, и во сојата книга „Случајот Југославија“, пишува дека военото раководство ја сноси одоворноста што не извршило државен удар.
Адмирал Мамула до 1991 година живееше во Опатија, Хрватска, а по избивањето на војната, се пресели во Котор. Остана во Црна Гора, во Селјаново, општина Тиват, каде што живее и денес, а истакнува дека во Црна Гора пронашол најмногу вредности за кои тој и неговите соборци некогаш се бореле.