74 годишна Ерменка е сопрена на аеродромот во Минхен со човечки коски во нејзиниот багаж, објавија германските сојузни власти.
Службениците откриле остатоци во дрвена кутија и ја повикале царинската служба, доктори и државниот обвинител да ја преземат необичната ситуација.
Жената имала намера со нејзината 52 годишна ќерка да ги пренесат коските од Грција преку Минхен и Киев во Ерменија со цел таму да ги закопаат.
Документите покажале дека сопругот починл во 2008 година и бил погребан во место близу Солун.
Сојузната полиција утврдила дека носењето на коските не е незаконско и жената со коските го продолжила патувањето, без никакви последици.
Преземено од: http://hr.n1info.com/