Трагедијата во Бејрут можела да биде поголема: Еден момент бил пресуден експлозијата да предизвика поголема катастрофа (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/20 10:00 AM

Трагедијата во Бејрут можела да биде поголема: Еден момент бил пресуден експлозијата да предизвика поголема катастрофа (ВИДЕО)

Дел од градот каде се случила експлозијата е урнат, а голем број на згради се тешко оштетени.

Најмалку 100 луѓе загинале, а повеќе од 4000 се повредени во страшната експлозија на пристаништето во централниот дел на Бејрут, соопштија либанските власти. Тој дел од градот е урнат, голем број згради се тешко оштетени.

Експлозијата била рамна на земјотрес со јачина од 3,5 степени, според Германскиот геонаучен центар GFZ,  експлозијата се слушнала до Кипар и подалеку, повеќе од 200 километри ширум Средоземјето.

Причинета е голема материјална штета, а за вистинската бројка на загинати човечки животи се уште нема официјални информации, според последните информации бројот на починати е најмалку стотина. На видео снимките кои се појавија и фотографиите снимени со дрон може да се забележи детал кој ја спречил несреќата во Либан да биде во поголеми размери.

На видео снимките може да се забележи огромен силос, кој се наоѓал точно пред фабриката со пиротехника, и кој успеал да ја ублажи катастрофалната експлозија и спречил во одреден дел да се прошири и да уништи поголем дел од градот. Експлозијата би предизвикала уште поголема штета во Бејрут, доколку пред фабриката не се наоѓал силосот, кој го ублажил ударот. Во спротивно експлозијата би се проширила длабоко во градот и прашање е колку тоа би го зголемило бројот на жртвите и материјалната штета.

Либанскиот претседател Мишел Аун синоќа изјавил дека недозволиво е 2.750 тони амонијак, за кој се претпоставува дека е причина за страшната експлозија во Бејрут, да биде во складиштето шест години без никакви безбедносни мерки.

Аун на Твитер побарал одговор за овој пропуст и најстрогоа казна.

Силни сигнали од експлозијата во Бејрут беа откриени и од станиците на Меѓународниот систем за следење на спроведувањето на Договорот за забрана на нуклеарни тестови во Тунис и Германија.

Од експлозијата оштетена е и официјалната резиденција на претседателот на Либан, палатата „Babda“. Од детонацијата се оштетени голем број на згради, вклучувајќи ја и Амбасадата на Русија. Либанскиот Врховен совет за одбрана го прогласи градот Бејрут подрачје погодено од елементарна катастрофа и и предложи на Владата денеска да воведе вонредна состојба во либанската престолнина.

Преземено од: https://www.srbijadanas.com/