Германските топ клубови се согласија да го имплементираат планот кој вклучува враќање на фановите на трибините во Бундесот во средината на септември.
Покрај Бундесот, публиката според овој план ќе може да навива за своите омилени клубови и во втората по квалитет германска лига. Планот засега сè уште се подготвува, а во следниот период ќе се знае повеќе за оваа идеја и нејзиното остварување во пракса.
Пандемијата на коронавирусот во март годинава ги запре практично сите спортски и фудбалски натпреварување на глобално ниво. Фудбалот се врати во јули, но без фанови на трибините и пред празни трибини. Бидејќи спортот без навивачи не е потполен, челниците на сите фудбалски асоцијации се обидуваат да изнајдат соодветни решенија за враќање во нормала, секако, во склад со сите здравствени протоколи и мерки и мерки и рестрикции на властите во секоја земја.
Фудбалот во Германија стартува повторно на 18 септември и според првичната замисла, фановите можат само да седат на столчињата, алкохолот ќе биде забранет до октомври и нема да има гостински фанови до крајот на календарската година.