„Скопско лето“ 2020 ќе се затвори со утрешната изложба на ДЛУМ „Цртеж – експериментален цртеж”, која и минатата година беше дел на фестивалот. Изложбата ќе биде поставена утре и ќе трае до 15.08.2020 година. Поединечно или најмногу во група од двајца ќе може да се посети од понеделник до сабота од 11-15 часот.
„ Драги пријатели на „Скопско лето,“ Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и во вакви отежнати и специфични услови во време на пандемија, се обиде и оваа година да го освежи летното културно живеење на главниот град на државата со спроведени сите објавени протоколи со мерки за заштита“ , велат од Фестивалот.
На изложбата учество земаат: Ана Спасова, Ана Трајковска, Ангелца Стоиљковиќ, Валентина Стевановска, Ѓорѓи Динев, Дејан Иванов Маргуш, Дијана Томиќ Радевска, Жани Гелевска Вељановска, Златко Глигоров, Ива Станковска, Јовица Мијалковиќ, Марија Мицова Гацова, Марија Светиева, Марјана Костојчиноска Узунчева, Нарциса Андреевска, Наташа Андонова, Пандора Апостолоска Саздовска, Сашо Саздовски, Стефан Димовски, Стефан Младеновски, Тања Таневска, Филип Фидановски.
Изложбата ќе биде поставена во Галеријата во ГТЦ 2 кат, локал 306