Повеќе од еден месец се запрени градежните активности за изградба на водовод за село Синичане. – ММС
ММС

Објавено на: 08/4/20 1:33 PM

Повеќе од еден месец се запрени градежните активности за изградба на водовод за село Синичане.

Повеќе од еден месец се запрени градежните активности за изградба на водовод за село Синичане. Градоначалникот на Општина Боговиње Албон Џемаили, за неколку дена очекува средба во владата каде ќе се разговара за овој проблем и конечно ќе се изнајде соодветно решение.
Градоначалникот Џемаили смета дека градежните активности за изградба на водовод за село Синичане се запрени поради политички причини. Се надева дека средбата во владата ќе биде позитивна и ќе се изнајде заедничко решение.
Се работи за привремено решение за снабдување со вода наменета за жителите на село Синичане. Но, во меѓувреме општината подготвува проект кој ќе донесе чиста вода за пиење за пет села од оваа рурална општина.
Најрпрвин жителите на соседното село Урвич се противеа на изградба на водовод за село Синичане. Но тие се повлекоа, откако како што рече Џемаили, дознале дека се работи за извор со вода кој не се наоѓа во атарот на нивното село. Но и покрај тоа, полицијата се уште е на лице место и не дозволува продолжување на градежните активности за изградба на водоводот.
Зоран Димовски