Кога пијан Славонец ќе стартува трактор страда цело маало – ММС
ММС

Објавено на: 08/4/20 12:15 PM

Кога пијан Славонец ќе стартува трактор страда цело маало

Маж во неделата „развеселен“ со 1,93 промили алкохол сакал да го стави во погон својот трактор. Низ отворената врата го свртел клучот од моторот, но не ја проверил рачната сопирачка. Тракторот бил стартуван, а прво го прегазил пијаниот 64-годишник, откако паднал, а левото тракторско тркало му поминало врз нозете, соопштиле денеска од полицијата во Вировитица, Хрватска.

Тракторот потоа си продолжил. Прво ја урнал одградата на дворот, турнал метален столб и оштетил автомобил, па прешол преку одводен канал и влегол во дворот на 84-годишна сосетка на пијаниот Славонец. Таму удрил во бетонски бунар, се одбил од него и ја продолжил „турнејата“ без тракторист до бетонската ограда на уште една соседна куќа, која,сепак, го сопрела.

Повреденио 64-годишник е во болницата во Вировитица и е надвор од животна опасност.