На магистралниот пат Кичево-Скопје, пред превојот Стража се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „рекстон“ на МВР, управувано од полициски службеник, „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ф.Б. (22) од Тетово, „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки управувано од А.Б. (22) од Тетово и возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од В.Т. (24) од Гостивар.
По незгодата со возило на итна медицинска помош возачот на „цитроенот“ В.Т. со неговите сопатници Ј.Г. (20), В.Г. (23), Г.Т. (20) и Ц.М. (20) биле пренесени во Ургентниот центар во Гостивар.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Гостивар.
mkd.mk