Веќе втора недела жителите од тетовската населба Станбена се без капка вода за пиење – ММС
ММС

Објавено на: 08/2/20 1:48 PM

Веќе втора недела жителите од тетовската населба Станбена се без капка вода за пиење

Веќе втора недела жителите од тетовската населба Станбена се без капка вода за пиење. Реагираат до надлежните, но оттаму добиваат одговор дека вода нема доволно и во целиот град порати големите горештин и прекумерната употреба

Се работи за 100 жители од тетовската населба Станбена кои немаат вода за пиење. Не можеме да ги завршиме основните потреби ,а некои наши соргаѓани преку цел ден се разладуваат со водата. Се чустуваме дискрииминирани. Градот за некого е мајка а за некого маќеа, велат жителите.

Во Тетово со растот на температурите проблеми со водата за пиење се појави во повеќе тетовски населби, каде преку ден има рестрикции во водоснабдувањето

Од ЈКП Тетово велат дека водата во овој период енормно се троши, затоа и некои населби се соочуваат со рестрикции во водоснабдувањето. Апелираат на поголема совест и порационално користење на водата за пиење.