Арамија: Лисица остави без чевли цела населба во Берлин – ММС
ММС

Објавено на: 08/1/20 11:03 AM

Арамија: Лисица остави без чевли цела населба во Берлин

Жителите на берлинската населба Зелендорф во изминатите денови беа збунети зашто вешт крадец им испокрал од пред вратите и од дворовите многу чевли, папучи, патики…

Со денови не можеле да му влезат во трага на арамијата, но, за среќа, еден нивен сосед, Кристијан Меер, забележал лисица како на ливада во устата носи две сини папучи, пренесува дневниот весник „Тагесшпигел“.

Кога го пронашол „магацинот“ на лисицата, открил повеќе од сто патики, папучи, но не и неговите патики за трчање. Што ли направила лисицата со нив?