Одбележувањето на муслимански празник Курбан бајрам во гостиварскиот крај поминува во соглсност со препораките за заштита од коронавирусот и насоките на ИВЗ за поголем ред во принесувањето на курбаните.
Молитвата (бајрамскиот намаз) верниците ја направија почитувајќи ги препораките во речиси сите 80 џамии кои припаѓаат на гостиварската муфтинија, а голем дел од нив се клањаа во своите домови.
Годинава, како и последниве три години, колењето добиток и распределбата на месото се врши во строго контролирани услови. Првиот ден и наредните два, оваа активност се одвива под надзор на инспекторите од Агенција за храна и ветеринарство во кланицата „Горни Полог-ГВ”.
Тричлена комисија на координативното тело на ИВЗ го надгледува целиот процес за кој, како што беше речено е во духот на традицијата и во согласност со законските прописи.
– Месото од курбаните ќе се распредели по верниците на територијата на гостиварската муфтинија медресата низ Македонија. Џамијските одбри веќе ги имаат направено списоците и наредниве денови пакетите ќе бидат дистрибуирани. Годинава ќе бидат дистрибуирани до џамиските одбори кои ќе ги распределат според направените списоци. Исто така, дел од месото покрај петте медресиња ќе се испорача и на верниците во Кичево и Дебар, рече Идриз Идризи од координативното тело на ИВЗ.
Пакети со месо ќе добијат дарителите, сиромашните и кујните во верските училишта. Колењето и распределбата на месото ќе се врши до недела.
За празникот да помине во најдобар ред, локалното комунално претпријатие дополнително се организираше и со посебни екипи ги собира остатоците од курбаните и ги третира на соодветна локација.
Гостиварското муфтиство ги повика верниците, да ги сведат меѓусебните посети на минимум и честитањата да ги направат преку телефон или социјалните мрежи, празникот до одбележат потесни.