Кои растенија може да ви помогнат во борбата против комарците? – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/20 7:41 PM

Кои растенија може да ви помогнат во борбата против комарците?

Од растенијата може да имате повеќе придобивки, а едната од нив е тоа што може да бидат ваши сојузници во борбата против комарците. Уште подобра вест од ова е тоа што со овие растенија може и да готвите или да направите некои освежителни пијалоци. Истите можете да ги огледувате на балконот, па дури и внатре дома.

Во продолжение прочитајте кои се растенијата со чија помош може да се борите против малите натрапници.

Босилек

Босилекот  е растение со кое може да направите песто во домашни услови, но освен тоа е и отровно за инсектите. Бара многу светлина и редовно наводнување.

Лантана

Ова растение е препознатливо по прекрасните цветови, а додека ги привлекува пеперутките, ги одвраќа комарците. Покрај тоа што е корисно, растениево може да послужи и како одлична декорација, особено ако го ставите на место каде што ќе има онколку светлина колку што му е потребна.

Нане

Нането е уште одлична опција за домот односно за градината, а неговиот мирис ги одвраќа комарците. Погрижете се за тоа да биде засадено на некое поголемо место, бидејќи може да се шири многу брзо. Не заборавајте дека сончевата светлина и големата количина вода се нешто без што ова растение не може.

Лаванда

Едно од растенијата што има смирувачки мирис и релаксирачки ефект и не го сакаат инсектите и комарците. Ова растение мора постојано да биде влажно и да биде изложено на сончева светлина, зашто така ништо нема да го спречи да расте.

Цитронела

Ова е едно од најлесните растенија за одлегување, а и многу добро делува против комарците. Не бара посебни услови, премногу сонце или вода и може да издржи одредена суша на почвата за неколку дена.

 

Фото: passthepistil.com

Извор: ljepotaizdravlje.hr