Секое куче има физичка карактеристика што го издвојува од другите, било да е тоа долг врат, спуштено око или кратка опашка, а рускиот хрт Ерис навистина има една специфична карактеристика – најдолга муцка на светот.
Ерис е женка чија муцка мери неверојатни 31 сантиметар, и иако нема официјални мерења, се верува дека е меѓу најдолгите муцки во светот. Руските хртови се инаку „издолжена раса“ со долги и тесни екстремитети и муцка.
https://www.instagram.com/p/CCavWsQBgdc/?utm_source=ig_embed
Брачна двојка од Ричмонд, Лили и Савана, ја посвоија и ја донесоа дома во јули 2018 година. Во тоа време, таа беше само кутре и никој не знаеше колку ќе порасне нејзината муцка.
Таа неодамна го прослави својот втор роденден.
Денес, Ерис е сензација на Инстаграм со над 179 илјади следбеници, пишува Боред Панда.
Расата Борзои потекнува од Русија од 17-от век, а руските хртови биле обожавани од поранешната руска аристократија ја обожавала поради карактеристичниот изглед и исклучително добри ловни вештини.
Борзои буквално значи „брз“.