Починатиот правобранител од Велес Борче Пинев е донаторот на органите- Уште еден хуман обид за спас на 35 годишна девојка – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/20 12:00 PM

Починатиот правобранител од Велес Борче Пинев е донаторот на органите- Уште еден хуман обид за спас на 35 годишна девојка

Државниот правобранител за подрачје Велес, Борче Пинев е починатиот донатор на органи, информира Фокус.

Пинев починал вчера, по пет дена лекување на КАРИЛ во Скопје, по несреќа во која се здобил со витално загрозувачки повреди, откако паднал од височина.

Тој беше именуван на функцијата државен правобранител за подрачје Велес во 2012 година. Зад себе остави сопруга и две малолетни ќерки.

Утрово на Клиниката за Урологија беа експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент кај кој вчера беше потврдена мозочна смрт, соопштија од Министерството за здравство.

„Во моментов, во тек е првата трансплантација на бубрег кај 35 годишна девојка која веќе неколку години е на дијализа, по што ќе следи и втората трансплантација. За жал, овој пат немавме соодветен примател на срцето и тоа нема да биде трансплантирано. Се заблагодарувам на семејството на донорот, кое во моментите на најголема болка одлучи да ги донира органите и да спаси уште најмалку два животи“, изјави Филипче.

Телевизија Сител објави дека иако семејството дало согласнот, покрај бубрезите да биде експлантиран и овој витален орган, сепак, дури четворица пациенти кои се на листата за трансплантација за срце го одбиле органот. Како што дознава Сител, дел од нив наводно имале страв од самиот процес, а еден од пациентите не сакал трансплантацијата да биде направена на Државната кардиохирургија.

Ова е втора кадаверична трансплантација и четврта од жив дарител годинава.

На 23 мај од починат дарител, Емилија Динева од Дојран, беа трансплантирани срце и бубрези.