Како да се разладиш на 52 степена?: Пекол во Багдад – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/20 10:24 AM

Како да се разладиш на 52 степена?: Пекол во Багдад

Температурата во Багдад, главниот град на Ирак, во вторникот наводно се доближила до +52 степена, што е еден од рекордите во тој град, а топлотниот бран го зафатил и поголемиот дел од Блискиот исток, пренесува ББС.

Сите што немаа обврски биле дома, но, поради чести прекини на електричната енергија, не можеле да се користат клима-уредите и вентилторите, што создало револт кај граѓаните. На улиците сите бараат чешми, а некои, кои имаат можност, поставувале на тротоарите тушеви за да се разладат минувачите.