Ќе има казни за компаниите кои ја злоупотребија државната помош – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/20 9:47 AM

Ќе има казни за компаниите кои ја злоупотребија државната помош

Ќе има санкции за компаниите кои добија државна помош, а не им ја дадоа на работниците, потврди денеска Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

Според Царовска, моментно се испитуваат сите правни можности.

– Платите итно треба итно да се исплатат на работниците, треба да се покаже одговорност од страна на компаниите. Направен е голем пропуст и секако санкционирање на компаниите ќе се случи. Во моментов, Генералниот секретаријат ги испитува сите правни можности, се покренуваат сите елементи кои се можни – рече  Царовска

Царовска потсети дека вчера Генералниот секретаријат на владата писменио излезе со официјален став околу направениот пропуст на компаниите. На веб страницата на владата беше објавен и списокот со компаниите на кои им е исплатена државна помош за минимална плата поради пандемијата со ковид-19, а тие не ги уплатиле средствата на своите вработени.