Сопругата на украинскиот рапер Енди Картрајт (30) е уапсена откако во нивниот апартман во Сан Петерсбург, во фрижидер е пронајдено распарченото тело на музичарот.
Марина (36) и објаснила на полицијата дека сакала да го сокрие телота, за никој да не дознае дека починал од предозираност со наркотици.
„Си-Ен-Ен“ известува дека во полицискиот извештај е наведено деловите од телото биле пронајдени во пет кеси во фрижидерот.
Имено, Марина го исекла телото на сопругот на парчиња, ги измила неговите внатрешни органи, ги посолила и ставила во фрижидер, пренесува Раша тудеј.
Доколку истрагата покаже дека неговата сопруга не ја зборува вистината нејверојатно ќе биде обвинета за убиство. а доколку се утврди дека ја кажувала вистината ќе биде обвинета поради „насилство над мртво тело“
Според рускиот канал РЕН ТВ , првите анализи покажале дека на телото на раперот нема траги на дрога. Наскоро ќе биде спроведено второ, потемелно истражување.
Кокалова и раперот, чие што вистинско име е Александар Јушко, имаат мало дете.