Време: И денес до +40, од утре благо опаѓање на температурите – ММС
ММС

Објавено на: 07/31/20 5:50 AM

Време: И денес до +40, од утре благо опаѓање на температурите

Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен превец. Во вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност. Максималната температура до 40 степени. УВ=9. Таква е прогнозата на УХМР за денеска.

Утре ќе има зголемена облачност и развој на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи и со благо опаѓање на температурата. Од недела ќе настапи повторно стабилизирање на времето. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за 5 до 6 степени во однос на денешната.