Саудијците се откажаа, фановите бесни: Мајк Ешли останува сопственик на Њукасл – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/20 6:28 PM

Саудијците се откажаа, фановите бесни: Мајк Ешли останува сопственик на Њукасл

Обидот за преземање на Њукасл официјално пропадна. Најавите за „новиот арапски проект“ во Премиер Лигата, останаа само најави. „Saudi Arabia’s Public Investment Fund“, „PCP Capital Partners“ и „Rueben Brothers“ се откажаа од процесот на купување на англискиот тим.

Документите потребни за оваа процедура биле доставени до Премиер Лигата уште во април, но оттогаш ниту трага, ниту глас.

Како причина за откажување од оваа инвестиција, инвеститорите ја наведуваат пандемијата на коронавируот и несигурната иднина која му претстои на светот и светската економија.

-Со сета почит до целата заедница на Њукасл и фудбалскиот клуб, донесовме одлука го откажеме нашиот интерес за купување на клубот. Оваа одлука беше тешка, затоа што бевме навистина возбудени поради можноста за раководење со клуб со таква историја, традиција и фанови. За жал, околностите предизвикани од пандемијата и глобалната неизвесност, не натераа да размислиме за овој потег, стоеше во соопштението на инвест-групата.

Фановите пролеттва сонуваа за еден нов Њукасл, во кој сопствениците ќе се однесуваат одговорно и рационално и Њукасл кој ќе привлече светски ѕвезди, во обид за враќање на старата слава. Реакциите по социјалните мрежи денес беа полни со горчина и разочарување и не толку поради фактот што Њукасл нема да има пари за трошење и купување на играчи како Мбапе или Кутињо, туку поради фактот што со клубот повторно ќе раководи непопуларниот Мајк Ешли.