Штипската полиција во акциска контрола на возачите на моторцикли. За шест часа колку што траеле контролната акција, утврдени 40 прекршоци.
“На 29.07.2020 во периодот од 20.00 часот до 02.00 часот на 30.07.2020 СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возачи на мотоцикли. Од извршената контрола откриени се вкупно 40 прекршоци од кои: 6 управувале без возачка дозвола, 5 биле со измината важност на регистрацијата, 2 со измината важност на осигурителната полиса, 22 за неносење на кацига и 5 останати прекршоци“, пишува во Полицискиот билтен.
За сите прекршоци сторени од страна на возачите на мотоцикли изречени се соодветни санкции. Eвидентирани се и 15 други сообраќајни прекршоци и за нив се изречени соодветни санкции.
Од Полицијата апелираат до сите возачи на мотоцикли да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да внимаваат на правилата за ограничување на брзината и да користат кациги и останата заштитна опрема.