По 28 години, Охридскиот пливачки маратон нема да се одржи – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/20 8:36 AM

По 28 години, Охридскиот пливачки маратон нема да се одржи

По цели 28 години, откако беше реобновен во 1992 година, една од најголемите домашни спортски манифестации, Охридскиот пливачки маратон оваа година нема да се одржи. Како што информираат од Пливачката федерација, поради пандемијата на коронавирусот, ФИНА одлучила да ја откаже за оваа година целокупната светска серија во маратонско пливање.

„Пливачка федерација на Северна Македонија (ПФСМ), како активен член на Светска пливачка федерација (ФИНА) и единствена надлежна за пливање и далечинско пливање во нашата Држава, Ви соопштува дека овогодинешните официјални интернационални пливачки маратони од светска серија за 2020г, (Традиционален Охридски Пливачки Маратон 25км, и олимписка дисциплина 10км) НЕМА да се пдржат, поради светска пандемија (Ковид-19) и едногласно откажување на целокупната ФИНА светска серија за 2020г во светот, почитувајќи ги препораките на Светска Здравствена Организација- СЗО за превентивна медицинска и здравствена заштита на спортисти- пливачи, тренери, организатори и публика“ – информираат од Пливачката федерација, притоа дополнувајќи: