Кога луѓето заразени со коронавирус се најопсани за околината? – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/20 8:15 AM

Кога луѓето заразени со коронавирус се најопсани за околината?

Доктор Верица Јовановиќ, директорка на Институтот за јавно здравје на Србија „Милан Јовановиќ Батут“ објасни колку луѓе може да инфицира едно лице заразено со COVID19 и кога луѓето заразени со коронавирус се најопасни за околината.

„Едно лице може да зарази повеќе луѓе, но не постои никакво правило дека ќе зарази, на пример, 5 или 6 лица. Лицето е заразно 2 до 3 дена пред појавата на симптомите и тоа е најопасниот период во кој вирусот се пренесува на друго лице. Заразноста зависи и од тоа каква е комуникација со околината и луѓето во непосредното опкружување, како и од тоа дали лицето кое е заразено имало заштитна опрема или не. Ако имало, тогаш тој потенцијал се намалува, а ако не – тогаш е поризичен преносител“, вели д-р Јовановиќ.

Докторката вели дека личноста е заразна со самиот близок контакт преку аеросоли, кога вирусот може да влезе во слузокожата на очите, устата и носот, односно на растојание помало од еден метар без заштитна маска.

телеграф