Златан Ибрахимовиќ во 39. година од животот игра фантастично.
Шведскиот напаѓач најверојатно и следна сезона ќе го носи дресот на Росонерите. Раководството на клубот од Сан Сиро е подготвено да му понуди нов договор, а планот беше за следната сезона да му плати 4.5 милиони евра.
Меѓутоа, Ибрахимовиќ смета дека заслужува могу повеќе. Тврди дека се уште е најподготвен и дека тој ќе ги постави условите кои му одговараат.
„Најподготвен сум во екипата, правам разлика и ја давам душата на депресивна група. Подготвен сум да ја продолжам соработката, но мора да ме третирате како лидер и така да ме платите.“ – порачал Ибра на состанокот со челниците на клубот.
Сега се чека одговор од раководството. Нема дилеми дека Ибра е важен играч и со неговото присуство на теренот му дава многу на клубот.
Италијанските медиуми тврдат дека раководството на Росонерите поради тоа се спремни да ги прифатат условите на Ибра, а ова секако ќе биде преседан во светот на фудбалот. Само Златан може да добие договор по услови кој сам ќе ги постави.
sportski.mk