Кој не признава геноцид во Сребреница нема да може да влезе во Сараево? – ММС
ММС

Објавено на: 07/30/20 7:43 AM

Кој не признава геноцид во Сребреница нема да може да влезе во Сараево?

Доколку едногласно донесената одлука вчера на Сараевскиот кантон биде усвоена во Советот на министри на БиХ и други државни институции и ентитети, на сите луѓе, економски и правни лица, медиуми кои доаѓаат од земји што не го признале геноцидот во Сребреница – ќе им биде забранет влез во Сараево.

Оваа одлука е донесена едногласно, на иницијатива на независниот пратеник од Клубот на Бошњаците на сараевскиот кантон, Дамир Никшиќ, пренесуваат српски и босански медиуми.

Сараевскиот кантон исто така бара парламентот на БиХ итно да го донесе Законот за забрана на негирање на геноцидот во Сребреница, со кој јасно би се дефинирале санкциите и прекинувањето на дипломатските и деловните односи со државите кои не ја усвоиле оваа Резолуција – сè додека не го сторат тоа.

„Очигледно, ова се луѓе кои не размислуваат да живеат заедно во БиХ на долг рок. Едноставно не знам како тие замислиле да ја спроведат таа одлука ?! Ако на сите српски кадри им е забрането да доаѓаат на седниците на заедничките тела во Сараево, бидејќи Република Српска не го признава геноцидот, тоа значи дека Босна и Херцеговина е, всушност, непостоечка“, коментира Момчило Краишник, претседател на здружението „Креатори на Република Српска“ и прв претседел на Собранието на РС.