Денес министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека состојбата со Ковид- 19 во државава е стабилна и под контрола а пред два часа на Фејсбук го потсетија дека во државава не е проблем само Ковид-19. Станува збор а самохрана мајка од Драчево поради која го замолуваат лично министерот да испрати едно амбуланто возило со лекарски тим да земат жена од скопската населба Драчево и да ја сместат во болница.
– Почитуван Министер за здраство, почитувани сограѓани, Тања е самохран родител, беспомошна за работа, социјалната помош и ја укинале бидејки можела да оди со штаки а тоа значи ќе можела да работи (на сликата погледнете и ги нозете). Тања од денес одлучила да застане пред маркет во населба Драчево и да бара милостина од сите нас за да се прехрани со ќеркичката и да може да си купи лекарства. Тања средовечна жена, многу е културна, срамежлива, тивка, со насолзени очи и испружена рака бара спас од сите нас, вели меѓу другото во пост на Фејсбук на загрижен граѓанин.
По објавата ја контактиравме и Тања Раденкова, која ни рече дека утрово се јавил министерот Филипче и чекала да дојде лекарска екипа, а во моментот додека разговаравме дојдоа и од Министерство за труд и социјална политика. Разговорот го прекинавме за да видиме што ќе сега направат надлежните институции, кои уште еднаш потфрлија во работењето.
Добровечер господине Филипче – министер за здраство!
Добровечер Македонијо!
Господине Филипче пред две години на…
Posted by Vlado Avramovski on Wednesday, July 29, 2020