По соопштението на СДСМ дека претседателот Иванов не одговорил на поканата за Алатката за отчетност, стигна реакција од нговиот кабинет, а ви ја пренесуваме во целост.
„Претседателот Ѓорге Иванов не одговори на поканата да ја прифати Алатката за отчетност, со што одбива да ги информира граѓаните за неговите службени трошоци“:
Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, изминатите девет години, максимално одговорно, совесно и на транспарентен начин располага со буџетските средства. Во таа насока, потенцираме дека сите јавни набавки од страна на Кабинетот на Претседателот се извршени на максимално транспарентен начин и согласно сите законски регулативи и истите се јавно достапни. Ова го потврдуваат и ревизорските извештаи за работењето на Кабинетот на Претседателот спроведени од страна на Државниот завод за ревизија.
Со цел објективно информирање на јавноста, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, како и досега, така и во иднина, целосно стои на располагање за било какви информации кои се однесуваат на финансиското работење и трошењето на народните пари за службени потреби.
Со оглед на тоа дека постојат механизми за проверка на финансиското работење на државните институции, Кабинетот на Претседателот нема законска обврска да прифаќа дополнителни „алатки“.