Феран Торес за 27 милиони евра во Манчестер Сити – ММС
ММС

Објавено на: 07/29/20 6:19 PM

Феран Торес за 27 милиони евра во Манчестер Сити

Најавите од Шпанија кои доаѓаа изминатите денови, се испоставија како вистинити, откако денес и најрелевантните англиски медиуми објавија дека младото крило на Валенсија, Феран Торес, ќе биде првото засилување на Манчестер Сити за сезоната 2020/21.

Торес се очекува да биде директна замена за Лерој Сане, со таа разлика што Торес подеднакво добро може да игра и на левата крилна позиција во нападот и на десната. Неговата версатилност претставува причина плус за доведување на Шпанецот на „Етихад“ и наметнување во тимот на Пеп Гвардиола

Договорот на Феран Торес во Валенсија истекува следната година, сепак Сити за него ќе му плати 27 милиони евра на клубот од „Местаља“, нерачунајќи ги бонусите предвидени во договорот.

Тој ги договорил персоналните услови со светло-сините од Манчестер, кои ќе го остават во Англија најмалку до 2025 година.

Сити не застанува тука. Одбраната за нив останува врвен приоритет, а за таа цел се до чекор на ангажирање на Нејтан Аке од Борнмут.

-Очекувам чуден трансфер период. Ние мораме да бидеме подготвени. Имаме помалку време овојпат и мораме да реагираме побрзо, изјави спортскиот директор на Манчестер Сити, Чики Бегиристан за клупскиот сајт.

Манчестер Сити изминатата сезона ја заврши на втората позиција во Премиер Лигата, заостанувајќи зад конкурентот Ливерпул дури 18 поени.