СВР Скопје истражува има ли елементи за кривично дело во дивограбата кај „Мавровка“ – ММС
ММС

Објавено на: 07/29/20 3:03 PM

СВР Скопје истражува има ли елементи за кривично дело во дивограбата кај „Мавровка“

Единица за економски и компјутерски криминал постапува за нелегални градежни активности во реонот на Трговскиот центар Мавровка и презема соодветни мерки и активности за утврдување постоење на елементи на кривично дело кое што се гони по службена должност по чл.244-а „Бесправно градење“. За преземените мерки и активности до Основното јавно обвинителство во Скопје е доставено писмено известување согласно Законот за кривична постапка.

Единицата за економски и компјутерски криминал и понатаму презема мерки и активности во координација и по насоки на ОЈО Скопје, а по завршување на активностите и комплетирање на документацијата до Основното јавно обвинителство во Скопје ќе достави соодветен поднесок, за што дополнително ќе биде известена јавноста.