Настапот на уникатното трио на нашите простори по правецот што го презентираат е закажан за 30 јули (четврток ) со почеток во 20:30 часот, во просториите на Факултетот за ликовни уметности- Сули ан во рамките на „Скопско лето “. Триото го сочинуваат Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон, Јане Дунимаглоски – тенор.
Поп-класичнито пеење е веќе познат жанр низ светот, а триото е создадено по урнек на светски познати поп-класични состави кои веќе подолг период го изведуваат овој жанр на музика. „Трио Џентлмен“ е прв и единствен состав на нашите простори кој го негува и презентира тој жанр на музика. На нивниот репертоар се наоѓаат најголеми светски поп хитови, наполитански канцони, латино композиции, руски романси,македонски евергрини, балкански поп композиции, и сето тоа изведено во поп-класичен манир. Иако постојат само 6 години бележат настапи со целовечерни концерти, свечени академии и друг тип на настани не само во нашата држава но, и надвор од границите.
Нивните настапи се познати и атрактивни по тоа што секогаш нудат нешто ново, нешто не видено и слушнато на нашите простори. Различни од другите музички состави ги прави тоа што на нивните настапи прават спој на оперското пеење со различни жанрови, и сето тоа изведено во еден нов и специфичен звук, интерпретиран од тројца оперски пеачи.
Согласно протоколите бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжително ќе биде почитувањето на препорачаните мерки:
– носење заштитни маски
– мерење телесна температура
– одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето
– дезинфекција
– влезот на публиката ќе започне во 20:00 часот
Согласно Протоколите заради регулирањето и контрола на бројот на публика ќе се продаваат влезници по цена од 100 денари.