Педесет годишна жена нападната од поранешниот сопруг – ММС
ММС

Објавено на: 07/29/20 1:01 PM

Педесет годишна жена нападната од поранешниот сопруг

Педесет годишна жена од село Зрновци, кочанско, физички била нападната од поранешниот сопруг

„На 28.07.2020 во 11.40 часот во Полициската станица Кочани, 50-годишна жена од кочанско село пријавила дека на 27.07.2020 околу 14.30 часот во куќа во Зрновци, кочанско, била физички нападната од страна на нејзиниот поранешен вонбрачен партнер“, стои во Полицискиот билтен.

Се работи на комплетирање на случајот, по што против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава.