Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска одржа работна средба со заменик амбасадорот на Италија во Скопје, Алесио Ликуори.
На средбата, како што соопштија од МВР, биле потврдени пријателските односи, довербата, отсуството на отворени или спорни прашања помеѓу двете држави, како и соработката во голем број области од взаемен интерес.
Фокусот на разговорите, се посочува, бил ставен на продлабочувањето на досегашната меѓусебна соработка, особено во областите на организираниот криминал и корупцијата, тероризмот, како и борбата против екстремизмот и насилниот радикализам.
– Соговорниците разговараа и за вонредните парламентарни избори кои се спроведуваа во нашата држава, активностите кои се преземаат по нивното завршување, како и активностите кои Министерството за внатрешни работи во рамки на своите надлежности ги презема во справување со глобалната пандемија Ковид-19, се наведува во соопштението од МВР.