На луѓето кои прележале корона им се заканува опасност од сепса, предупредуваат британските експерти – ММС
ММС

Објавено на: 07/29/20 12:02 PM

На луѓето кои прележале корона им се заканува опасност од сепса, предупредуваат британските експерти

Луѓето кои имаат вирус на корона се изложени на ризик од сепса, што може да се појави до една година по инфекцијата, предупредуваат експертите. Во извештајот на британскиот Сепсис фонд Велика Британија, UK Sepsis Trust (UKST) се открива дека едно од пет лица лечени од Ковид-19 во болница, имале поголем ризик да им биде дијагностицирана сепса во рок од една година од отпуштањето.

– Се проценува дека 100.000 ковид  пациенти ќе бидат отпуштени од болницата во Велика Британија. Тоа значи дека околу 20.000 луѓе би можеле да бидат изложени на сепса, односно состојба опасна по живот, велат од добротворната организација.

Сепса се јавува кога имунолошкиот систем на телото претемногу реагира на инфекција, што може да доведе до откажување на органите и смрт.

Експертите веруваат дека Ковид-19 може сериозно да го оштети имунолошкиот систем, поради што не може добро да реагира на идните инфекции, а оваа состојба може да трае неколку години.

Експертите апелираат до луѓето кои се бореле против вирусот да препознаат рани знаци на сепса кои можат да бидат опасни по живот. Д-р Рон Даниелс, основач на британскиот фонд  за сепса, рече дека е навистина важно луѓето што преживеале Ковид-19, без разлика дали се дома или во болница, да бидат свесни за симптомите.

Шесте најчести симптоми на сепса се:

-конфузија

-силни болки во мускулите и зглобовите

-намалено количество излачена урина

-силен здив

-зголемена телесна темпратура

-треска

Извор: .telegraf.rs