ЕГЗИТ ќе слави две децении во 2021 со Дејвид Гета, ДЈ Снејк, Тајга, Ерик Приц и Борис Брејча! – ММС
ММС

Објавено на: 07/29/20 11:44 AM

ЕГЗИТ ќе слави две децении во 2021 со Дејвид Гета, ДЈ Снејк, Тајга, Ерик Приц и Борис Брејча!

Обележувањето на две децении постоење на двократниот европски фестивалски шампион и најголем фестивал во регионов, од разбирливи причини е поместено за следното лето, а судејќи по првите имиња, следното фестивалско издание сигурно претендира да биде и најдоброто до сега.

Од 8 до 11 јули 2021 на Петроварадинската тврдина во Нови Сад пристигнуваат најголемите светски ѕвезди чии планетарни хитови само на „Јутјуб“ каналот бројат дури 33 милијарди прегледувања! Листата со првите објавени имиња ја предводат: највлијателниот светски музички продуцент и диџеј Дејвид Гета, неговиот сограѓанин и конкурент за титулата водечки планетарен хитмејкер Диџеј Снејк, двократниот лидер на „Билбордовата“ листа на синглови и еден од најголемите рапери на денешницата Тајга, суперѕвездата на новата генерација и миленик на публиката во регионов Борис Брејча. Посебна ексклузива е зачувана за затворањето на Денс Арената кога специјално за оваа прилика ќе настапи со години наназад најбараниот диџеј Ерик Приц во специјалното бек-ту-бек издание со култните „Фоур Тет“ . На јубилејниот ЕГЗИТ (EXIT) пристигнуваат и инди-хероите „Метрономи“, добитникот на „Греми“ награда за животно дело и живата икона на панкот Марки Рамон, легендите на метал музиката „Сепултура“, одличните Денис Султа, Дакс Џеј и Кобосил, хард-рок дамите „Тандермадер“ како и дел од водечките регионални изведувачи како што се Лајбах, Гоблини, Марко Настиќ, Масимо, Афтер Афер, Илија Ѓоковиќ, Кристијан Молнар, Инсолејт, Лаг и многу други.

На овие објавени изведувачи наскоро ќе им се придружат и бројни други, со уште повеќе изненадувања бидејќи ЕГЗИТ во 2021 година ќе се одржи со полна снага, на 40 фестивалски бини и зони!

Нов, ограничен контингент промо-влезници со попуст од 50% по цена од 3.700 денари во продажба ќе биде достапен од петок, 31 јули точно на пладне. Сите кои сакаат да ги зграбат поволните влезници ќе мора да побрзаат, бидејќи промо-цената ќе важи само до 8 август, односно до истек на залихите. Сите досега купени влезници за 2020 ќе важат и за фестивалското издание во 2021 година при што за сите купувачи кои ќе ги задржат влезниците ќе има посебни изненадувања, меѓу кои се и можности за доживотни влезници за ЕГЗИТ Фестивалот!

Влезниците во продажба од петок, 31 јули!

Во петок, 31 јули точно на пладне, почнува продажбата на влезниците за ЕГЗИТ фестивал 2021 година по цена од 3700 ДЕНАРИ. Актуелната цена ќе важи најдоцна до сабота, 8 август или порано, доколку се распродаде ограничениот контингент. Влезниците за ЕГЗИТ ќе можат да се набават во Македонија преку МкТикетс.

Сите кои не сакаат да ги сочуваат влезниците за 2021, ќе можат да покренат процес за рефундација од 10 август 2020 година. Деталните информации за овој процес ќе бидат објавени на 10 август на официјалните страници на Егзит Фестивал.

Сочувај ја својата влезница!

Сите фанови на ЕГЗИТ кои ќе ги сочуваат своите „EXIT 2.0“ влезници за фестивалското издание во 2021 година, автоматски добиваат шанса да освојат Lifetime“ влезница за Егзит, пропусници за пристап на бина на Денс Арената, претворање на регуларните влезници во ВИП, модни пакети „Егзит“ и маици, а на сите кои ќе ги сочуваат влезниците ќе им биде овозможен 20% попуст за фестивалски маици и суверини по сопствен избор.