Мауро Моранди, кој веќе три децении живее сам на прекрасниот медитерански остро Будели во близина на Сардинија, најверојатно ќе мора да го напушти и покрај тоа што се надеваше дека на тој остров ќе остане до крајот на животот (неговата приказна ММС ја пренесе пред неколку месеци).
Властите веќе го подготвиле налогот за неговото иселување, ако тој самиот претходно самоволно не замине, ама Мауро нема таква намера.
Локаните власти интензивно работат на преуредување на неговата колиба во научна станица за набљудување на животинскиот свет, што ќе значи крај на престојот на италијанскиот Робинзон Крусо на островот.
Моранди е некогашен учител и на сотровот стигнал случајно, кога се обидел пред 31 година да отплови од Италија до Полинезија. На прв погед се заљубил во недопрената природа, кристално чистата вода и неверојатните залези на сонцето. Ја презел должноста од претходниот чувар и сега, на 82 години, сака да остане до крај.
„Немам каде да одам. Ова е мој живот“, вели Моранди за СНН.
Во Италија почнало потпишување петиција тој да не се иселува од островот и само за неколку дена се собрани 2.600 потписи. Инаку, островот од 2015 година станал надлежност на националниот парк „Мадалена“, а властите наведуваат дека само го почитуваат законот.